
Синоќа во спортската сала Борис Трајковски во Скопје во организација на Агенцијата за млади и спорт беа прогласени најдобрите македонски спортисти за изминатата година. За најдобар во 2020 година беше прогласен фудбалерот Горан Пандев кој како капитен на македонската репрезентација за прв пат успеаја да се пласираат на Европско првенство. Во женска конкуренција за најдобра е прогласена каратистката Вероника Костовска. Во конкуренција на лица со посебни потреби за најдобар беше избран шахистот Владимир Тркаљанов од Кочани кој во досегашната кариера има настапувано и освојувано значителни признанија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk