
На 06.02.2021 околу 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека пред маркет во с.Русиново,беровско по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.А.(63) и И.А.(35) двајцата од Делчево, од една страна и Ј.К.(20), Д.К.(23) и А.Б.(32) сите од с.Русиново, од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.