СВР Штип во нова акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената

На 24.01.2021 во периодот од 10.00 до 16.00 часот СВР Штип спроведе акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 68 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената, а биле констатирани и 21 други видови прекршоци. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.