Покачување на плата од 20% и плус бодирање на платата за пожарникарите во Штип

По покачувањето на платата на пожарникарите од 20% според Законот за пожарникарство, градоначалникот на Општина Штип, Николов го потпиша и договорот за испалаќање на бодови, бидејќи работата на пожарникарите бара доста голема ангажираност и нивниот живот често е ставен во опасност. Општина Штип е меѓу првите дев општини во државата каде што бодувањето на пожарникарите е направено според целиот правилник за пожарникари.

„Од 76.93% го покачивме на 81.6% бодот по кој што се одредуваат платите на пожарникарите и надополнувањето на овие 20% на покачувањето кое што го имаат, заедно со независниот синдикат на пожарникари, Министерството за одбрана и Локалната самоуправа со градоначалникот работевме со правниот тим и доведовме дека овој бод мора да биде покачен“ – истакна Николов.

Местото кое е заслужено за хероите од Територијалната противпожарна единица Штип, веќе си го добива своето место.

„Ова покачување значи многу за пожарникарите и истите во просек ке добијат плус 1200 до 2000 денари покачување“ – кажа Делов, преставник од Независниот сендикат на пожарникари.

Пожарникарите во просек земале плата околу 15 илјади денари, а со покачувањето од 20 проценти истите ќе земаат плата околу 20 илјади денари. Бодовното покачување ќе се пресметува на претходното покачување од 20%. Територијалната противпожарна единица Штип, е добро опремена се очекува пристигнувањето на ново противпожарно возило. Покрај пожарите најчесто во претходниот период се работело на интервенции од запалени оџаци.

Лаура Стојанова М-Нет