
Краткиот одмор помеѓу есенската и пролетната полуетапа полека, но сигурно одминува и македонските Футсал прволигаши започнуваат со своите подготовки. Тренерот на КМФ Астибо од Штип, Илија Митров вели дека костурот на екипата во овој зимски преоден рок е задржан иако до крајот на истиот можни се некои новитети. Подготовките за тимот ќе се одвиваат во Штип а во меѓувреме се бараат и противници за неколку контролни натпревари. Колку за потсетување во Првата Футсал лига на Македонија есенски лидер е тимот на Проект Цико од Валандово со освоени 31 бод, додека екипата на Астибо го дели 9 место со тимот Црна Река од Кавадаррци со по 8 освоени бодови, но штипјани имаат подобра гол – разлика. Првенството во пролетниот дел треба да започне во средината на месец Февруари, сеуште не е утврдан точниот термин и најверојатно најпрвин ќе се одигра првото коло од куп – натпреварите на Македонија. Во првото пролетно или редовно 12 коло, за кое рековме сеуште не е утврден точниот термин за почеток, ќе се сретнат:
- Шкупи – Карадаку
- Мал Ајакс – Кратово
- Арбен Бајрами – Кеги Моби
- Железарец – Велес
- Јувентус С – Проект Цико
- Астибо – Црна Река
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk