Љубителите на пишаниот збор од Македонија кои комуницираат со помош на социјалните мрежи преку фејсбук група која е насловена како „Размена на книги и книжевни муабети“ во која има повеќе од 25 300 членови каде се води дискусија за литературните дела што ги имаат во своите домашни библиотеки предходните години се организираа настани на кои си правера размени меѓу себе но оваа тоа го прават преку пошта и карго служба поради забраните за групирање пололема маса луѓе на едно место за заштита од вирусот ковид – 19.
Ние сме група на читатели предходните години организиравме настани за менување на книги но оваа година поради вирусот тоа не сме во можност да го реализираме па затоа сега ги менуваме книгте преку карго и пошта. Па да застапени се и македонските писатели но акцентот повеќе е на странските автори. Сузи Ангеловска – член на клубот на читатели
Групата е замислена како место каде што ќе се соберат љубителите на книги и каде ќе можат да направат размена на своите прочитани дела со нови книги од другите членови, како и размена на мислења за она што го прочитале, книжевни препораки, информации за настани и случувања поврзани со книгите и сл.