Георгијев: Ја оправдувам и верувам во вакцината против Ковид -19, јас прв ќе се вакцинирам.

Актуелната тема со Ковид -19, не стивнува и покрај намалувањето на лица кои се позитивни на корона вирусот. Најавени се и вакцини кои во државите ширум светот веќе се стигнати и пуштени во употреба, но кај нас се очекуваат да пристигнат во првиот квартал на наредната година. За емисијата Зум анализа на м-нет телевизија, директорот на Клиничка болница Штип, д-р. Ален Георгијев,  кажа дека верува и ја оправдува најавената вакцина.
„Еве јас да ја искористам приликата, бидејќи се ближи ќе дојде вакцинацијата во врска со короната, јас сум еден од првите што се пријавив да ја примам вакцината. Подржувач сум на вакцинацијата, сметам дека тоа ќе го врати светот во нормала“ – истакна Георгијев.
Во Клиничката болница во Штип, состојбата со ковид – 19, е речиси иста, со отпуштање на дел од пациентите но истовремено и со примање на нови. Во моментот на Инфективното одделени има 25 пациенти со потешка клиничка слика. Обезбедени се со брзи ковид тестови и покрај тоа што релевантноста на истите се проверува и со ПСР тестовите, и секако подготвени се, не дај боже ако после новогодишните и Божиќни празници дојде до нов голем ковид бран.

Лаура Стојанова М-Нет