Извршена ждрепката за квалификациските групи за Светското првенство – Катар 2022

Вечерва беше извршена ждрепката за квалификациските групи за претстојното Светско Првенство – Катар 2022 година. Ждрепката сакаша репрезентацијата на Македонија да се најде во групата „ Ј “ каде што носител е селекцијата на Германија. Еве го комплетниот изглед на групата „Ј “:

  1. Германија
  2. Романија
  3. Исланд
  4. Македонија
  5. Ерменија
  6. Лихтенштајн

Првопласираните екипи од сите 10 групи директно ќе настапат на СП во Катар, додека најдобрите второпласирани екипи ќе одиграат по два додатни бараж натпревари

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk