Во среда 9 декември ќе се одигра 16 прволигашко фудбалско коло, штипска судиска тројка во Кратово

Македонските фудбалски прволигаши утре, среда ќе ги одиграат натпреварите од вонредното 16 коло. Лидерот Шкендија во Тетово ќе има лесна задача со „фенерџијата“ Беласица од Струмица, додека тимот на Вардар ќе гостува на незгодната екипа на Шкупи. И останатите средби привлекуваат внимание во борбата како за висок пласман на некои екипи, така и во борбата за опстанок. Секако внимание привлекува и делегирањето на штипска судиска тројка, Крумислав Ѓоргиев, Никола Караколев и Ристо Ѓоргиев која ќе го суди натпреварот во Кратово, помеѓу Силекс – Струга Трим Лум. Еве ги комплетните двојки за ова 16 коло:

  1. Шкендија – Беласица
  2. Македонија ЃП – Пелистер
  3. Шкупи – Вардар
  4. Работнички – Ренова
  5. Силекс – Струга ТЛ
  6. А.Пандев – Борец

Сите натпревари ќе се одиграат во среда 9 декември 2020 г. со почеток во 13.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk