Штипјанката Вероника Зашевска „исплива“ еден сребрен и два бронзени медалји на Меѓународниот митинг „Вардар 2018 – Опен“


Штипското пливање со настап на членовите ПСК „Челични“ од ШТИП на Меѓународниот Пливачки Митинг „Вардар 2018 Опен“ беше исклучително успешно преставено и со медалји закитено..

Спортскиот педагог и тренер Мирко Јакимовски нагласи дека на овој за прв пат организиран Меѓународен пливачки митинг учествуваа 289 пливачи од 27 клуба од Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и од Македонија.

Штипјанката Вероника Зашевска освои Сребрен Медал на 200м во дисциплината Делфин а се закити и со два Бронзени медалjи на 50м Делфин и на 100м во дисциплината Слободно.

Четврти места во своите трки и успешен настап имаа и Ивона Наумова и Смилјан Нашков како и Методи Георгиев, Ренато Ристов и Раде Ристов кои се пласираа од 5-8 место во своите генерации.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk