
Заврши ридско – брзинската трка „Пониква 2“, која после два пати одложување се одржа вчера на 01 октомври. Имаше пријавено 29 кандидати од Македонија, распоредени во 6 категории, па се одржаа и двете предвидени трки. Во главниот пласман на првата трка, првопласиран беше Слободан Трајковски кој патеката ја помина за време од 3.34.79стотинки, и за секунда побрзо со своето возило застава југо ја заврши и втората трка.
Во својата категорија Е1 на 2000 кубни сантиметри, втор заврши кочанчанецот Дејан Манасиев со време од 3.41.50стотинки, или трет во генералниот пласман, и се најде веднаш зад првопласираниот Кимовски Димитриј кој заврши за 3 минути и 37 скунди.
Додека се возеше трката, патниот правец кон „Пониква“ беше затворен за сообраќај. Освен автомобилите како главна атракција, свое присуство имаа и полицијата, итната медицинска помош и Територијалната Противпожарна единица – Кочани. Подготвеноста на патеката ги задоволуваше сите потребни услови за реализација на трката, и истата се возеше од градската депонија до месноста „Пашиџиково“.
Трката беше во организација на клубовите „Про спорт“ и АКК„Перформанс“ – Скопје со поддршка на Автомобилистичка федерација на Македонија.
Лаура Стојанова М-Нет
Игор Зиврев М-Нет