По сообраќајна незгода синоќа настрада градскиот мост во Делчево

Според информациите од Полициското одделение од општа надлежност Делчево, немилиот настан се случил на 1 ноември 2020 година, околу 01:30 часот по полноќ.
-Во сообраќајната несреќа учествувало едно возило, кое поради неприлагодена брзина удрило во градскиот мост и срушило дел од оградата на мостот во центарот на Делчево. Врз возачот е земено крв и урина за анализа, додека постапката за понатамошни дејствија за штетата е во тек, истакнаа од делчевската полиција.
Граѓаните кои утрово се затекнаа на местото на настанот со неверување кон она што го гледаа.
-Јас сум 42 години возач, такви глупости не можам да замислам, не да ги направиш. Среќа што е здрав и жив возачот нека Господ му дава здравје, но не е тоа решение, вели поранешен возач.
 -Толку ни е културата. За да се научиме на култура само казни и ќотек. Без големи глоби нема култура, вели жител на Делчево.

Во несреќата освен градскиот мост, настрадал и еден од блиските канделабри. Надлежните најавија брзо враќање на мостот во функција

Валери Спасевки – М Нет