Штип ,Кочани и Виница на своевиден начин ја одбележаа светската недела на детето

Одбележување на светската недела на детето се случи во Виница. Градоначалникот на Општина Виница, Ивица Димитров ги посети дечињата од детската градинка “Гоце Делчев” кои со разни активности и игри ја одбележуваат Светската детска недела и испраќаат јасна порака дека и покрај пандемијата со КОВИД 19 детската смеа и игра не смее да згасне. При посетата беа запазени сите безбедносни мерки, држење на растојание, носење маски и одржување на лична хигиена. Децата се нашето најголемо богатство, нашата радост и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и овозможат еднакви можности. Ова не е  декларативна заложба на локалните власт образложи градонацалникот на општината во која има најголем процент на миграција на население, намален број на новородени дечиња, а исторемено и општина со најголем економски раст во регионот со функционирањето на  неколку капитални стопански субјекти. Градоначалникот истакна дека  одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет, изјави градоначалникот. Димитров. Одбележувањето на светскиоот ден на децата во Виница е во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика

Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас.потврдија негувателите,воспитуваците и наставниците ов Виница.  Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет,

Денеска заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со дел од кабинетот посети два клона од детските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири Трена“, по повод Недела на детето.

Оваа година Неделата на детето се одбележува во поинкави услови, односно во услови на светска пандемија.

Општина Штип на двете детски градинки им подари ваучери по 10.000 денари за набавка на реквизити за дечињата.

Според Миланов, општина Штип досега инвестирала во реконструкција на постоечките објекти на детските градинки, а исто така и во изградба на комплетно нова детска градинка за зголемување на капацитетите.  Детската недела во континуитет се одбележува и во Кочани Градоначалникот Илијев денеска се сретна и со директорката на Детската градинка „Павлина Велјанова“, Едита Миткова која информираше дека градинката деновиве ја посетуваат близу двесте дечиња, згрижени според пропишаните протоколи. Работат сите објекти, активирани се сите влезови, со цел да се олесни примањето на дечињата.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет