” За љубов се пее до крај” -Албум од самостојни песни на Влатко Илиевски

Го паметиме по неговите сини очи. Неговите дела зборуваат каков човек беше тој. Не’ напушти прерано, но со неговите песни живее синоокиот ангел Влатко Илиевски.

Албум од 18 негови самостојни песни. Избрани од неговото семејство. 19 песна е од неговите обожавателки под наслов ” Недостигаш” која во негова чест ја испејаа. Албумот е насловен ”За љубов се пее до крај” љубов кој тој искрено нам ни ја даруваше. Затоа, овој албум нема да се продава туку ќе се подарува бесплатно, за сите кои ќе сакаат да го имаат за себе.

Во исчекување сме и на неговите досега необјавени песни. Специјално за М Нет неговиот татко Драган Илиевски- Вршач. Ни откри дека, на овој албум ќе има 12 песни. Од кои ќе ја слушнете и заедничката изведба на групата Дивлје Јагоде и Влатче под наслов ”Не желим крај”

Во продолжение слушнете ја прекрасната интерпетација на Дејан Лилич, текст: Иван Бечкович: гитара: Дарко Тасев

Надица Стојковска М Нет