
Масовни протести на родители на од Македонска Каменица кои инсистираат 350 основци наместо онлајн да посетуваат настава со физичко присувство. Родителите се на упорни во тврдењата дека каменичкото основно училиште нема услови за следење на онлајн настава. Раководството на училиштето е на став дека ќе се почитуваат сите наредби од Министерството за образование и наука и комисиите кои определуваат кои училишта го исполнуваат условот за физицка настава а кои не. Родителите велат дека не успеале да најдат заеднички јазик со локалната власт и со раководството на училиштето со кое немаат добра комуникација.
Голем број на присутните на протестот изјавија дека немаат никакви просторни или компјутерски можности и де ка не се во состојба да се посветат максимално на образовниот процес. Во оваа мала општина основците секојдневно се дружеле надвор од училиштето па родителите не гледаат смисла на одржување онлајн настава.
Раководството на ова каменичко основно училиште е на став дека нема можност за преговори , не се во состојба сами да носат одлуки и дека законот и препораките на комисијата за здравство дословно мора да се почитуваат .
По неуспечните преговори ,родителиткои протестираат денес не добија повратен одговор од министерството за образование. Предпразнично овој проблем ке остане нерешен до 13 Октомври.
Маре Стојилова М нет
Игор Зиврев М нет