Упасено лице од Турција со престој во Штип за физички напад во неговиот дом

На 06.10.2020 полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Ц.К.(21) од Р.Турција, со привремен престој во Штип, затоа што околу 15.00 часот физички го нападнал А.П.(45) во неговиот дом во Штип, нанесувајќи му тешки телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а Ц.К. бил приведен и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.