
Денес на Европското првенство во Одбојка за жени У-17 кое се одржува во Подгорица, Црна Гора на програмата ќе бидат двата полуфинални натпревари. Во првиот натпревар со почеток во 16.30 ч. ќе се сретнат репрезентациите на Србија – Турција а за судија на овој меч е делегиран штипјанецот Никола Мицевски.

Во вториот полуфинален меч ќе се сретнат селекциите на Италија – Русија. Финалниот натпревар по кој ќе се добие новиот европски шампион во Одбојка У-17 ќе се одигра утре, петок со почеток во 19.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk