Прилепска судиска четворка ќе го суди дерби натпреварот на „Истокот“ во Пехчево

Скоро сите 5 натпревари во претстојното 6 коло на ВМФЛ – Исток ќе бидат интересни, возбудливи и до крај неизвесни. Досегашниот тек на првенствените мечеви е потврда за квалитетот на сите екипи, но некои тимови иако одиграа добро немаа спортска среќа и постигнаа за нив неочекувано слаби резултати. Но, можност за поправен испит секогаш има и токму натпреварите од ова 6 коло можат да бидат пресвртница за нивните понатамошни пробиви кон подобри позиции на второлигашката табела. Секако најголемо внимание предизвикува средбата на градскиот стадион во Пехчево помеѓу екипите на Кит Го ина Брегалница од Штип. Веќе се делегирани и официјалните лица за натпреварите од 6 коло, така да овој меч е доделен на прилепска судиска четворка. Главен судија ќе биде Влатко Илиоски, прв асистент Иле Мишевски, втор асистент ќе биде Дино Конески а четврт судија ќе биде Ирена Велевачкоска. За Контролор е делегиран Бранко Манојловски од Тетово а Делегат ќе биде Зоран Јангеловски од Македонска Каменица. Еве ги комплетните парови за ова 6 коло:

Кит Го Пехчево – Брегалница

Слога – Тиквеш

Победа – Осогово

Росоман – Кожув

Каменица Саса – Плачковица

Сите натпревари ќе се одиграат во недела 4 октомври 2020 г. со почеток во 15.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk