„Еко Хабитат“ сериозен еколошки протагонист

Здружението Еколошко друштво „Еко хабитат 21“ Карбинци, следејки ги програмските активности  представува сериозна закана за сите негативни фактори кои вршат деградација на животната средина во  17 населени места. Донесените одлуки на синока одржаното годишно собрание, како и насоките за програмско дејствување во следната година се однесуваат на собирање на потписи за петиција против несовесните грагани кои дебело заработуваат од масовната дива сеча на сиромашниот шумски фонд. Здружението побара да се постават контењери пред се кои училиште и мини плоштади. Поставување на црвени знамиња кои симболизираат тајминг за отсранување на дивите  мини депонии, изградба на стаза за велосипедисти која ќе ги поврзува двете општини Штип и Карбинци се до планината Плачковица. Поставување на контењер пред археолошко-туристичкиот комплекс Баргала, како и едукација на подмладок на ова еколошко друштво. На синоќешниот состанок  екологистите добија целосна подршка од страна на градоначалникот Јордан Насев кој образложи дека ќе ги превземе сите потребни мерќи за позитивен одговор на барањата на екологистите и кои работат во интерес на подобрување на квалитетот на животот на населението од оваа општина.

Маре Стојилова М нет

Дарко Лазев М нет