
Топлото октомвриско сонце во месецот кој го краси оригиналниот назив „листопад“ беше дополнителен мотив за раководството на атрактивниот аква парк во Штип да ја изврши првата генерална проба или тест за функционалноста на сите негови продружни елементи. Перфектно завршената работа, конструктивноста на сите елементи, потекувањето на водата функционираше како најпрецизен швајцарски саат на радост и на задоволство на техничкиот и организацискиот дел на оваа симпатична екипа. Составен од четири тобогани на две нивоа, на првото ниво два топогани на висина од 11 м. и со должина од по 110м. и два тобогани на висина од 5м. по кратки, но пошироки или сите четири со должина од над 300 м. Топоганите се комплетно дигитализирани, се контролира нивното пуштање, гасење, проток на вода, број на капачи. За водата има посебни системи кои дигитално ја следат како на централно здравство на ниво за пиење со апликација за точна дефиниција, кога имало мало загадување, знаци на прашина кое нешто се регулира со постојана циркулација на водата. Водата се испумпува преку 16 пумпи кои се вклучуваат по потреба а една пумпа врти 400 кубика на еден саат, се мери во секоја секунда колку има хлор, за да нема никаква иритација на очи, чешење на кожа, да нема заматување на вода со еден збор таа ќе биде 24 часа со ист квалитет. Дигиталната технологија по потекло е од Шпанија а топоганите се произведени во Турција и целата оваа инсталирана комбинација делува спектакуларно на овие атрактивн простори кои за наредната сезона ќе наликуваат на вистински медитерански рај за штипските тропски горештини.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk