Чудо на Пресвета Богородица во Штип, спасила жена која се гушела во сон

Ја ставила главата на перница како и секоја друга вечер, но во еден момент почувствувала дека некој ја гуши. Тетка Љубица од Штип, токму на денешниот празник Мала Богородица, за М-НЕТ Телевизија раскажа за чудото, кое како што вели, и се случило пред неколку години. Во моментот кога се исплашила и се прашувала дали ќе остане жива, вели дека ги слушнала гласовите на Пресвета Богородица и Света Петка, кои и велеле дека нема ништо да и биде и дека ќе ја спасат. Потоа почувствувала како ја подигнуваат, а кога ги отворила очите, била среќна и мирна. Денес, Љубица редовно се моли, оди на исповед и секоја недела присуствува на Светата Литургија, а ова искуство, како што вели, уште повеќе ја зацврстило нејзината вера во Бога

,,Кој се моле на нејзе, фала му и слава на Бога, лекува, но и дига од мртвите. Јас сум го тоа доживеала, заедно со Света Петка. Во спиењето почна да ме гуши и заедно Пресвета Богородица и Света Петка почнав да ги слушам како си зборуваат, велат нема ништо да ми биде, ќе ме спасат. Не можам да покажам како направија со рацете и ме дигнаа и кога се разбудив, бев среќна. Фала им и слава им и од тогаш си ги почитувам, но и од времето.“, истакна Љубица

Според сведоштвото на тетка Љубица, Пресвета Богородица и Света Петка се појавиле токму онака како што ги знаеме од светите икони, само наведнати кон неа, за да и поможат во моментот кога најмногу и било потребно.

,,Пресвета Богородица и Света Петка се исти како на иконите, само беа наведнати за да ми помогнат.“, вели Љубица

Во време кога современиот човек утеха и спас нема никаде и не знае повеќе каде да ги бара, тетка Љубица потсетува дека најголемата сила и надеж се во Бога и во молитвата

,,Кога ќе излегувате било каде, речете си со Господ напред, со мајка Богородица, да се помолеме за да Господ е со нас и околу нас. И така ќе бидете заштитени, каде и да одите. Има луге кои клетви ударат и се, ама не треба да се плашеме, бидејки Бог е со нас и околу. Пресвета Богородичка, мајка едина, она не покрива, заштитува, закрилува, фала им и да се слават во вечни векови амин.“, додава Љубица

И покрај денешниот брз и современ живот, верата се уште живее во срцата на луѓето. Понекогаш ваквите искуства можат да го освестат човекот и да го потсетат дека не треба да ја заборави верата и молитвата.

Иван Митев, М-Нет