Со молитва на колена и свеќа во рака, верниот народ ја празнува Мала Богородица

Со молитва на колена, запалена свеќа и силна вера во срцата, народот денеска го празнува Рождеството на Пресвета Богородица, познато и како Мала Богородица.

Во штипско Ново Село, од раните утрински часови врие од народ пред црквата посветена токму на неа. Едни доаѓаат да се помолат, други да запалат свеќа, а трети со години го продолжуваат заветот на своите семејства и токму на овој ден доаѓаат пред храмот.

Постарите се присетуваат дека некогаш токму на Мала Богородица пред црквата се случувале и свршувачки – девојчиња биле запросувани, а празникот бил проследен со музика, веселба и молитва.

Инаку, празникот менува ден но никогаш датум и секогаш почнува да се прославува на 20 септември вечерта и целодненвно на 21 септември. Мајката божја е една од трите личности во православието на кои се слави рагањето. Рагањето на Христа, рагањето на мајката божја и на Јован Крстител. Тие се трите маркантни големи личности во новиот завет, кои ја сочинуваат и прават полнотата на спасението.

Иван Митев, М-Нет