
Со свечена програма и музички настапи, денеска Државното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип го одбележа својот патрон празник.
Празничниот ден беше исполнет со музика, настапи и аплаузи, а учениците имаа можност пред присутните да го покажат својот талент, знаење и трудот што го вложуваат заедно со своите наставници.
Во рамки на свечената програма беше одржан и свечен говор, во кој беше истакнато значењето на училиштето во создавањето и развивањето на младите музички таленти, како и посветеноста на наставниот кадар во нивното музичко образование.
Пред присутните настапија ученици од повеќе оддели, со изведби кои го збогатија одбележувањето на патрон празникот. Дел од програмата беа и најмладите ученици од нижото музичко образование, кои со своите настапи покажаа дека љубовта кон музиката се гради уште од најмала возраст.
На свеченоста присуствуваа и претставници од локалната самоуправа, кои упатија честитки до училиштето, учениците и наставниците, посакувајќи им уште многу успеси во иднина.
Одбележувањето на патрон празникот беше уште една можност да се истакне улогата на „Сергеј Михајлов“ како место каде што младите штипски музички таленти го стекнуваат своето образование, го развиваат својот потенцијал и ја градат љубовта кон музиката.
Иван Митев, М-Нет