
На списокот од 10 000 супермаркети ,европскиот бренд „ ЛИДЛ “ќе ги додаде новопланираните 40 екстра продавници. Според менаџерската проекција, Лидл со нови локации ќе се докомплетира во уште неколку градови во Србија, земјата во која 2018 година официјално во Земун беше првото отварање на супермаркетингшкиот бренд. Дали отворањето на нови продавници на посакуваниот „Лидл“ ќе се случат на останатите земји од западен Балкан и дали наскоро македонските и штипските потрошувачи ќе ја имаат можноста да купуваат ефтино а квалитетно останува непознато.
Засега единствено се реални неофицијалните информации дека уште минатата година се направени првите преговори за лоцирање на супермаркети на Лидл, за почеток во четири градови низ државата и тоа Штип, Скопје, Охрид и Тетово. Според информациите на М-нет проговорите за дисперзија на овој европски бренд во Македонија се во тек иако првично наишле на голем отпор од страна на сопствениците на домашни супермаркети. Проблемот е во интенцијата на Владата на РСМ за купување на домашни производи и стимулирање на вработеноста. Дифузијата на Лидл е неспорна и за неа треба да пресече Министерството за Економија велат нашите извори, но спорен е пласманот на македонските домашни производи кои се широко застапени во македонските супермаркетингшки брендови.
Во врме на пандемија македонските потрошувачи обожаватели на Лидл-супер маркетите се ускратени од можноста да скокнат преку граница во соседна Грција или Бугарија со цел да направат виќенд рекреација и во стилот на европјаните, порационално, поекономично, но поквалитетно да ја преполнат потрошувачката кошничка.
Маре Стојилова М-нет
Монтажа Дарко Лазев