
Во страв и годинава да не извисат со откупните цени, здружението на оризопроизводители од Кочани навреме си ја фати работата, впуштајки се во преговори со новоназначените советници на министерот за земјоделие Арјанит Хоџа.
За рентабилност при производството и некаква заработувачка за живеачка бараме зголемување на цените на оризовата арпа и на белиот ориз за 95 процени. Тоа значи дека нема да ја продадеме оризовата арпа по цена од 13 денари, за неа бареме 25 денари, цената на белиот ориз е прифатлива доколу е 50 денари изјави Сане Јованов од с. Чешиново. Јованов во придружба на уште десетина членови од споменатото активно здружение по преговорите со 13 сопственици на фабрики за откуп на ориз ги предочија сопствените барања во кои стои и зголемување на субвенциите за откуп на бело злато 1800 денари на 2400 денари по еден декар.
Од ресорното министерство со смирувачки тонови до оризопроизводителите. Спред информациите на М нет барањата на оризопроизводителите се оправдани, начелно има постигнато согласност околу висината на субвенциите за реколтата 2020 година, но понудената откупна цена според овој сегмент од извршната власт сепак била превисока.
Сопствениците на 4000 хектари засеани со ориз од државата барат навреме да ги избалансира работите за да не се повтори состојбата на манифестација на масовно незадоволство кај македонските винари.
Светската берза е таа што ја определува цената на оризот,но според оризопроизводителите производството на ориз во Бугарија, Грција, Италија и Франција е двојно поефтино од Mакедонското.