
Штипската детска градинка „Вера Циривири-Трена“ ги олеснува околностите за родителите за прифаќање на децата во клоновите.
Имено, од понеделник ќе се прифаќаат деца на родители кои ќе достават само една потврда од работа, наместо како досега, кога требаше да достават дека двајцата родители не можат да се ослободат од работа.
Причина за ова е тоа што од средата до денес, не е потполнет бројот на децата во групите, предвидени со протоколите. Директорката, Софче Атанасова, објаснува дека, во поголемите групи требало да има по 15 деца, но дека групите се формирани со по само 11 деца.

Токму поради тоа, да се оформи групата, донесена е спомнатата одлука, со тоа што, за да не се создаде револт кај заинтересираните родители, ќе бидат примени децата чии родители меѓу првите ќе достава само една потврда.
Доколку, бидат пријавени повеќе од предвидениот број дечиња, директорката Атанасова истакна дека дополнително ќе се формира нова група.
Уште нешто карактеристично за новата нормалност, поврзана со детските градинки, конкретно во „Вера Циривири Трена“ дел од децата за кои веќе било одобрено да бидат прифатени во клоновите, до денес се немаат појавено. Атанасова е на мислење дека тоа е поради тактизирање на родителите, на кои се` уште им е неизвесно како ќе се одвива ситуацијата со протоколите околу корона вирусот.
Но, како што беше извесно до пред 9 септември, пред почетокот на учебната година за градинките, приоритет за прием во истите имаа децата на родителите кои доставувале по две потврди и децата на самохраните родители.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк
Монтажа ИГОР ЗИВРЕВ