Пожар избувна во парк-шумата Гази Баба, скопските пожарникари на терен

Пожар избувна во парк-шумата Гази Баба, каде во моментов интервенираат екипи на скопската Противпожарна бригада.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека пожарникарите се на терен и работат на локализирање и ставање под контрола на огнената стихија.

Од местото се забележува густ чад кој се издигнува над пределот на парк-шумата, а екипите се обидуваат да го спречат понатамошното ширење на пожарот, особено поради сувата вегетација и високите температури кои го олеснуваат ширењето на огнот.

Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за евентуално зафатена површина. Надлежните служби се на терен и дополнително ќе информираат за состојбата.

Текстот Пожар избувна во парк-шумата Гази Баба, скопските пожарникари на терен е превземен од МАКФАКС.