
Тетовска Шкендија со убедлива победа од 3:0 против Скопје ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, целосно оправдувајќи ја фаворитската улога.
Тетовци уште од самиот почеток го наметнаа своето темпо, а резултатот беше отворен во 17. минута, кога Ндзенгуе прецизно ја затресе противничката мрежа за водство од 1:0.
Во продолжението Шкендија не го намали притисокот, а во 65. минута Тамба ја удвои предноста и практично го реши победникот. Конечните 3:0 ги постави Рафа во 75. минута, ставајќи печат на убедливиот триумф на домашниот состав.
Со оваа победа Шкендија ги освои првите три бода во новата сезона од ПМФЛ, испраќајќи јасна порака дека и годинава ќе биде еден од главните кандидати за шампионската титула.