Возел пијан и покрај забраната, радовишанец остана без автомобил, ќе одговара кривично

Радовишката полиција приведе 67-годишен жител на Радовиш, кој бил затекнат како управува автомобил под дејство на алкохол и покрај тоа што имал изречена забрана за управување со моторно возило.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 25 јули 2026 година во 21:13 часот, полициски службеници од ОВР Радовиш запреле патничко возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(67) од Радовиш.
При алкотестирањето со дрегер било утврдено дека возачот имал 0,54 промили алкохол во крвта. Дополнителната проверка покажала дека тој управувал со возилото иако му била изречена забрана за управување со моторно возило.
По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, возилото му било одземено, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.