
Кризата завршува, граѓаните беа толерантни, сега е редот на маркетите да возвратат со пониски цени, потенцираше денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција. Тој рече дека очекува намалување на цените, особено на основните прехранбени производи. Доколку тоа не се случи во наредните денови, Владата ќе интервенира со свои мерки. Мицкоски нагласи дека нема да прифаќа изговори од трговците, производителите и дистрибутерите.
,,Завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се оддолжат на граѓаните и веднаш да пристапат кон намалување на цените на производите, посебно основните прехрамбени производи, тоа го очекувам од нив. Исто така ние како Влада имаме механизми, доколку тоа не се случи, на еден поинаков начин да го спроведеме. Оправдување и изговир не прифакам, од типот не ни ги качиле или намалиле цените. Доколку не се види реакции од страна на маркетите, производителите, дистрибутерите во следните денови, тогаш ние како Влада ќе реагираме и ќе реагираме на подолг рок.“, рече Мицкоски
Премиерот одговарајки на новинарско прашање, колкаво поевтинување очекува и каде најмногу, кажа дека не знае точно, но очекува основните прехрамбени производи да претрпат корекција
Дополнително, премиерот одговарајки на новинарски прашања за цените на горивата, рече дека очекува намалување. Одговори дека прво се очекуваат резултатити од РКЕ, но како што кажа подвлече, очекува да има намалување на бензините за околу 2 ипол денари и окол 7 денари намалување на дизелот по литар.
Иван Митев, М-Нет