Од есен ќе почне реконструкцијата на студентскиот дом во Штип, изградбата на новиот ќе овозможи зголемување на капацитетите

Од есен ќе почне реконструкцијата на студентскиот дом во Штип, најави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа рече дека Штип ќе се развива и дека се очекува прилив на студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“. Според неа, реконструираниот студентски дом, заедно со новиот што треба да се изгради во иднина, ќе може да ги задоволи идните потреби на универзитетот. Јаневска посочи дека изградбата на новиот дом нема да се случи преку ноќ и дека за тоа е потребно време. Таа кажа дека планот е добар и дека ќе обезбеди развој на Штип.

,,Од есен почнуваат реновирањата на сите студентски домови и сите преостанати седум студентски домови во Македонија, кој досега требаше да бидат готови, но не се готови. Ќе почнеме од наесен и ќе се реновира студентскиот дом во Штип, затоа што сметаме дека Штип ќе се развива и овој студентски дом, заедно со оној кој што ќе изгради во иднина, што нема да се случи во еден ден нели, за се треба време, ќе може да ги задоволи идните потреби на УГД, затоа што очекуваме прилив на студенти. Мислам дека среднорочно и долгоречно планот е добар и дека ќе обезбеди развој на Штип, заедно со градоначалникот и ректорот сметаме дека имаме добри изгледи за реализација на овој план.“, вели Јаневска

Нови места за студенти засега нема да има, но министерката Весна Јаневска вели дека капацитетите ќе се зголемат кога ќе почне изградбата на новиот студентски комплекс. Децидна дека Штип има економски причини за да ги задржи студентите.

,,Во овој момент нема да има зголемување на капацитетите, но како што ви велам, ќе имаме зголемување на капацитетите, тогаш кога ќе почне изградбата а овој голем комплекс. Што се однесува до странските студенти, Штип има економска причина да ги продржи странсктие студенти и надвор од студентските домови.“, додава Јаневска

Со реализацијата на овие проетки, се очекува Штип во иднина да има подобри услови за студентите, повеќе сместувачки капацитети и поголем број млади луѓе кои ќе го изберат градот за своето образование.

Иван Митев, М-Нет