
Жетвата на јачменот во штипско и овче поле е во полн ек, а речиси 50 проценти од површините веќе се ожнеани. Земјоделците велат дека откупната цена, понудена од откупувачите е од 9 до 10 денари за килограм и е незадоволителна , бидејки не ги покрива трошоците за производство. Според нив, со ваква цена тешко ќе ги вратат вложените пари, особено годинава кога приносите се послаби од очекуваното. Во пресрет на жетвата на пченицата бараат откупната цена да не биде под 16 денари за килограм, бидејќи под тоа, како што велат, работат за џабе. Проценките, според нив се дека приносите на пченицата ќе бидат околу два и пол тона по хектар, а на јачменот околу три тона.
,,Жетвата е веќе во полн ек за јачменот, за скоро ќе започне и на пченицата. Јачменот веќе 50 посто е завршен. Цената на јачменот има понудено од откупувачтие 9 до 10 денари. За пченицата се уште не знаеме, немаме никаков податок која ќе биде цената, сега за сега е тоа. Па производителите бараат да не биде испод 16, затоа што испод тоа ќе бидат во загуба, бидејќи тука Овче поле, штипско, пробиштипско, ќе имаме мал принос да речеме на пченица, нема да биде повеќе од 2 ипол тона по хектар, а за јачменот 3 тона по хектар. И кога ќе направиме производна цена, излегува дека треба да е 19 денари производната цена или 18.“, вели Серафимов
Земјоделците велат дека годинава родот е послаб поради слаби пролетни дождови и суша кога најмногу требало да врне. Поради тоа, велат дека нивите не дале како лани и приносите се значително помали.
Сепак, земјоделците се надеваат дека во наредниот период состојбата ќе се подобри. Очекуваат откупувачите да излезат со повисоки цени, особено за пченицата која допрва ќе се жнее. Велат дека без подобра цена тешко ќе ја покријат годинешната работа и вложувања. Затоа бараат поголемо разбирање и пофер услови на пазарот. Доколку цената се коригира нагоре, велат дека барем дел од трудот ќе им се исплати.
Иван Митев, М-Нет