Променливо облачно време со дожд, грмежи и засилен ветер

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени, додека максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината времето ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Текстот Променливо облачно време со дожд, грмежи и засилен ветер е превземен од МАКФАКС.