Штип во знакот на културата: Почнува 41. Штипско културно лето

Штипско културно лето 2026 го отвора своето 41. издание со богата и разновидна програма која ќе донесе нови културни доживувања за граѓаните и посетителите. Свеченото отворање ќе биде збогатено со настапот на оперската пејачка Виолета Арсовска, а како што најавуваат организаторите, ќе има и настапи на странски уметници. Публиката ќе има можност да ужива во концерти, театар, изложби и различни културни содржини за сите генерации, а влезот за сите настани ќе биде бесплатен. Во периодот од 22 јуни до 30 јули Штип повторно ќе биде центар на културата, уметноста и креативноста.

„Штипско културно лето можеби има највисок буџет до сега и најдобра програма, најбогата програма, што е доказ дека општината вложува во промоција на културата и го потврдува тоа дека Штип е град на културата и град на уметноста. Нешто околу 2 милиони денари евкулниот буџет предвиден за овогодинешното 41 издание на Штипско културно лето, ќе има доста концерти, театарски претсави, изложби, промоција на книги, сето она кое верувам дека ќе го повлече вниманието на нашите сограѓани. Позначајни концерти кои се во рамки на овогодинешното издание на Штипско културно лето би ги издвоил: Концертот на Давид Темелков, Концертот на Влатко Стефановски и концерото на БИГ бенд.“- Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип

Како што истакна Видан Лазарев, директор на општинската установа Дом на млади, покрај главната програма ќе има и дополнителни настани кои ќе се одвиваат во Домот на млади во Штип.

„Би сакал да потенцирам дека освен овие настани, ќе има ии други настани во општина Штип, кои ќе се одвиваат во Дом на млади, влезот на Штипско културно лето е бесплатен.“- Лазарев

Дециден е Пеце Ристевски, директор на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, оваа година ќе бидат изведени четири театарски претстави, од кои две премиерно во штипскиот Народен театар

„Ме радува фактот што оваа година ќе имаме четири театарски претстави, од кои што две премиерно ќе бидат одиграни во штипскиот народен театар. Да напомениме дека влезниците се бесплатни, се што треба да направите е да си резервирате карти на време.“- Ристевски

Како што најави Кирил Панајотов, освен македоснки артисти, на сцена ќе настапан и светски познати имиња.

Како што истакнуваат организаторите, публиката ќе има можност да ужива во разновидни содржини, а сите настани ќе бидат бесплатни и отворени за граѓаните, кои се повикуваат да бидат дел од летните културни вечери и да уживаат во богатата програма.

Дајана Сандева, М-Нет