
Неподвижен и тешко болен, покрај мртовечки ковчези, веќе една недела на душек на земја, живее Осамедин Усеинов во просторија на Новата џамија во Радовиш. Вратен од старечки дом, тој останува без семејство и грижа, а неговите роднини за да го чуваат, не сакаат ниту да слушнат. Не може да говори, да станува и да ги извршува своите основни потреби, а сега останал и без кров над глава. Според граѓаните, тој бил оставен пред џамијата, а тие како хумани луѓе го згрижиле во џамијата. Пред камерите на М-Нет телевизија, тие тврдат дека надлежните се целосно запознаени, а истакнале дека овде тој ќе остане привремено, со ветување дека за два дена ќе биде згрижен во соодветна установа, но наместо тоа за неговото трајно згрижување се уште нема ништо. За него секојдневно се грижат луѓето од околината и верниците од џамијата, го хранат, му менуваат пелени и го тушираат. Од џамијата велат дека помагаат колку што можат, но дека ова не е нивна обврска и дека случајот мора да го решат институциите.
,,Четворица го туширавме, али не е тоа во ред, секој ден пампреси му фрламе, овде има деца, од тоа може и децата да се разболат. Тој човек не може да се чува овде, бидејќи не се прашале дали фамилија има. Го земале од дом, а неговата фамилијата не сакаат да го гледаат. Тоа беше збор за два дена, а ја го веќе една седмица овде останува.“, вели Мемедов
Претседателот на управниот одбор на Нова џамија во градот, Несмин Салиов, вели дека помошта од верниците, џамијата и од граѓаните е недоволна, додава оти мора да се најде еден кревет во некој згрижувачки дом.
,,Осамедин Усеинов е донесе во радовиш во петокот, по наредба на директорот на социјалното од Радовиш и оставен во џамијата. На мене ми е кажано дека два дена ќе се гледа, а потоа ќе се реши проблемот и ќе биде сместен во некој дом, но значи проблемот уште не е решен, а ние сме веќе четврток, а утре ќе се строи една недела, како тој е во џамијата. Значи човекот е неподповижен, неможе да говори, рацете не му функционираат. Ние како граѓани и како хумани луѓе им помагаме на ранењето и дуригте работи, но тоа не е решение, тоа треба да си го реши социјалното. Они кажуват дека министерството за труд и социјална политика е запознаен со ситуацијата и ќе гледа да го сместат во некој дом, но нема решение. “, вели Салиов
Во врска со ситуацијата, М-Нет телевизија, се обрати до центарот за социјални радоби Радовиш, од каде што директорот Александар Филев во телефонски разговор, истакна дека станува збор за проблематична и агресивна личност со годни. Тврди дека Осамедин Усеинов, неколку пати бил пренесуван во повеќе болници и старечки домови во државата. Поради проблемите, кои тој ги правел, последно од болницата во која престојувал, бил враетн повторно во Радовиш. Сега како што потврди директор, центарот за социјални работи Радовиш бара решение. Постои веројатност да замина во болница во Скопје или евнтуално ќе престојува во соодветно домаќинство во Радовиш
Иван Митев, М-Нет