
Револтирани родители од турската заедница во Општина Конче реагираат дека нивните деца неправедно ќе ја повторуваат годината во ООУ Гоце Делчев, бидејќи, како што велат, од вкупно 30 слаби ученици, за повторување се оставени 11 ученици од малцинствата. По вчерашниот случај во Општина Лозово, глас кренаа и од оваа општина. Исов Мемет, татко на осмооделенец која ќе ја повторува годината и покрај тоа што е тешко повреде во сообраќајна несреќа, вели дека, не бунтуваат затоа што се оставени само тие ученици, туку затоа што, како што тврди, истите критериуми не важеле за сите слаби 30 ученици. Тој посочува дека наставничкиот совет бил свикан и донел одлука за повторување, но без навремено известување на родителите, кое според нив требало да биде најмалку 30 дена претходно. Дополнително, Мемет обвинува и за односот на одделенската наставничка, тврдејќи дека не сакала да се фотографира со учениците на матурска прослава, иако претходно биле собрани пари за подарок.
,,Тука има во школото 30 деца, слаби ученици, што се стварно слаби. Имаат право наставниците да ги повторуваат, не ги критикувам јас за тоа што ги повтараат за догодина повотрно да учат, туку за друго. Тука друго се дешава. Од тие 30 деца, 20 се православи, 10 од малцинствата турци, арно ама само тие повтараат. Поради која особа, нека испаднат и они нека кажат, може би и они имаат нешто да кажат, ама ние не сме задоволни од оваа прилика. Второ имам од тие осум деца што ги имам, ќерка полуматурантка, пред 10 дена спремаа се тука децата од дома од родителите собираа по 600 денари поклон на класната. Како знае поклоно да го зима поклонот од децата, а децата и кога и велат ајде да се сликаме на матурска беа во Радовиш и таму се е платено од страна на родителите. Она нејќе да учествува. Не е ниту учествувала, а на сликите не се ниту сликала. Јавно кажала на децата, јас од малцинството се гнасам и се срамам, не одам. Овоа е тука настава, не лудница. Кога ние дознавме дека дддецата повтараат, пред тај ден пред до 12 часот, викат не на приговор, а утрето се става наставнички совет. Приговор се врше пред месец два, да дојдеме, ако се слаби, слаби, јас не ги критикувам. Утрето бев кај градоначалникот, тој јавно кажа вика тај совет е направе без наше присуство.“, вели Мемет
,,Еве го синот осмолетка е, два ипол месеци од сообраќајката не е бил на настава, домашна нега и плус беше месец дена во болница, исто така и него го повтара. На која основа, нека ми каже. Тоа дете не е било, а има се десено пред две години исто како него имаше случај тука, а него зошто не го повторуваше ? Туку можело значи. 11 деца се, од тие 11, 9 се од малцинството, од турците.“, додава Мемет
Бекир Јунузов, родител на ученичка, која исто ја повторува годината, тврди дека во последните 25 години во училиштето немало ваков случај и дека ова е прво масовно повторување на ученици. Тој дополнително обвинува дека дел од наставата се изведува од наставници кои не се соодветно стручни за предметите.
„Досега во последните 25 години, нема повторување, врз таа основа има значи очигледна диксриманција спрема турската националност. Во ова повторување има само две македоснки деца, а 9 турски се поворени, а законските треба 30. Може слободно дневникот да се проверува од надлежните. Ккао може мојата момичка да повторува со 3 единици, а да помине од македоснка националност со 12 единици. Има наставници, што е предаваат правилно. Ако се за историја предаваат ОТО, ако ОТО предава физика. Ова треба да се разгледа.“, вели Јунузов
Во врска со ситуацијата, М-Нет телевизија најпрво се обрати до директорот на училиштето, кој одби да даде одговор, спречувајки било каков пристап на телевизијата до неговата канцеларија. Но, првиот човек на општината, градоначалникот Златко Ристов, пред нашите камери кажа дека остварил контакт со Министерството за образование и дека добил информација оти сите постапки се спроведени согласно законот.
,,Сметам дека ова е негативна појава, мегутоа би сакал да додадам дека Општина Конче како совет и јас како градоначалник сметам дека имаме единствено можеби сме помегу единствените кои што имаме дадено свој импут во делот на образовниот циклус. Што тоа значи, веќе трета година имаме активирано социо-образовна програма, надвор од образованието, која што е наменеата да пружи помош онаму каде што имаме најслаби успеси. Во текот на вчерашниот ден остварив контакт и со МОН се со цел да добиеме информации дали е се испочитувани сите законски норми, добив одговор дека се е во ред, за жал констатирано дека станува збор за уечници со исклучително слаб успех, што е до нас ние како општината, ние даваме максимална поддршка на сите семејства и ученици, мегутоа станвуа збор за една фактичка состојба која лично јас како градоначалник не би можел да ја изменеам, си има свои критериуми и одредби.“, вели Ристов
Родителите најавуваат дека доколку не се најде решение за ситуацијата, ќе преземат порадикални чекори, меѓу кои и блокада на Општина Конче, а велат дека од септември можеби нема да ги пуштат своите деца на настава. А последно, чаре ќе бараат и од турската амбасада. Од надлежните бараат итна реакција и разрешување на случајот.
Иван Митев, М-Нет