„Локалната власт во Аеродром уште еднаш ја покажа својата негрижа кон најмладите. Иако уште во ноември 2025 година Општината соопшти дека игралиштето „Патрик“ е небезбедно, го стави вон употреба и вети дека за брзо ќе биде поправено. Но, и по повеќе од шест месеци од ветената санација нема ни трага ни глас, а младите од тој дел на Аеродром се оставени без место за рекреација во сред летен распуст“, велат од Левица Аеродром.
„Наместо да го одржуваат и заштитат просторот кој беше донација за децата од Аеродром, градоначалникот Дејан Митески и општинските служби дозволија игралиштето целосно да пропадне и да биде безбедносен ризик за најмладите, поради што веќе неколку деца завршија со разни повреди.
Советничката група на Левица поднесе иницијатива за итна и целосна реконструкција на игралиштето, затоа што безбедноста и здравјето на нашите деца мора да бидат приоритет, а не празни ветувања“, соопштуваат од Левица Аеродром.
Текстот (Видео) „Игралиштето Патрик оставено целосно да пропадне“: Советничката група на Левица со иницијатива за негова итна санација е превземен од МАКФАКС.