Во среда, 17 јуни, ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години. Генералниот секретар на партијата, Драган Ковачки, изјави дека на големиот народен собир во Струмица, кој почнува во 20 часот на стадионот Младост, добредојдени се сите членови, симпатизери, поддржувачи, сите граѓани кои веруватво напредокот на Македонија.
„Точно пред 36 години се создаде идеја која беше, која е, и која ќе биде водилка која неʼ обединува сите нас, сите кои сме за Македонија која има сопствен пат и сопствена иднина. Се почна во 1990 година на 17 јуни кога беше одржано Основачкото Собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Домот на младите во Скопје.Во среда, 36 години подоцна ќе го одбележиме патот кој го минувавме заедно и ќе се потсетиме на сите предизвици на тој пат“, рече Ковачки.
Тој вели дека партијата сега е фокусирана на иднината на Македонија и нејзините граѓани.
„Затоа одлучно работиме на подобар стандард на граѓаните, на развиена економија, на отворена соработка, одлучно работиме за подобра Македонија која достоинствено чекори кон ЕУ. Пораката ‘Македонија забрзува. Наша обврска’, ја нагласува посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, институциите и на граѓаните за забрзување на реформите за да се надминат застоите од минатото и заеднички да изградиме просперитетна Македонија“, рече Ковачки.
Текстот (Видео) ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни ќе одбележи 36 години постоење е превземен од МАКФАКС.