Семејна расправија во Пробиштип завршила со напад со дрвен предмет

Вистинска драма се случила вчера вечер во Пробиштип, откако 46-годишен жител на градот физички го нападнал својот брат, при што употребил и дрвен предмет.
Според информациите од полицијата, на 23 мај 2026 година околу 19:45 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода И.А. (46) од Пробиштип. Претходно било пријавено дека околу 18:00 часот тој физички го нападнал неговиот брат С.А., нанесувајќи му повреди со дрвен предмет.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а по неговото документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.