
Две тешки сообраќајни несреќи во текот на вчерашниот ден беа регистрирани во Радовиш и Пробиштип, при што сериозно се повредени двајца млади возачи, информираат од полицијата.
На 23.05.2026 во 22:23 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Виничка“ во Пробиштип, патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(18) од Пробиштип, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
На 23.05.2026 во 16:28 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на ул.„8 Септември“ на место викано „Стара автобуска“ во Радовиш, 22-годишниот Т.Ј. од Радовиш, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.