
Освојувачот на Купот на Македонија, ФК Силекс, ќе продолжи со истиот кормилар и во новата сезона. Клубот официјално потврди дека соработката со шефот на стручниот штаб Александар Васоски е продолжена, па тетовскиот стратег и понатаму ќе го предводи кратовскиот тим.
По историската сезона во која Силекс го освои Куп-пехарот и обезбеди настап на европската сцена, во Кратово владее голем оптимизам дека успешната приказна ќе продолжи и во периодот што следува. Од клубот порачаа дека целта останува иста – нови победи, нови успеси и достојно претставување во Европа.
„Тетовче мајсторе – Тетовче шампионе!“ – со оваа порака управата и навивачите ја поздравија одлуката Васоски да остане на клупата на Силекс и за следната сезона.