
Со пресна погача, запалена свеќа и тивка молитва во уста, верниот народ денеска во манастирот во светиниколското село Богословец ги одбележа двата големи христијански празници – Спасовден и Свети Јован Богослов, кој годинава се сретнаа во ист ден. Повозрасните жени, со потекло од ова место, со песна сплетоа венец од шарени китки и болисек, симболи на здравје и нов живот. Во манастирскиот двор свештеникот освети вода, од која верниците со смирение полнеа, за здравје и мир во домовите. Денешниот празник уште еднаш ја потврди силната вера, сплотеноста и вековната традиција што се негува во Богословец.
Некогаш овие празници се славеле тридена, велат возрасните граѓани ,кои многу добро се сеќаваат на дамнешните времиња. Пеење стари песни, излегување средсело, одење на визита, сето тоа преточено со ора и обичаи.
Инаку, празникот Јован Богослов се менува ден, никогаш датум, додека Вознесението Христово, односно спасовден менува датум, а никако ден и секогаш се пага во ден четврток. Годинава и обете празници беа достојно одбележани.
Иван Митев, М-Нет