Ивана Ангеличкова е новиот директор на ДГ „Астибо“, Ана Јакимова на ДГ Вера Циривири-Трена во Штип

Големи промени во раководствата на двете штипски детски градинки – „Вера Циривири Трена“ и „Астибо“. Досегашната директорка на „Вера Циривири Трена“, Ивана Ангеличкова, е назначена за нов директор на ДГ „Астибо“, додека за в.д. директор е поставена Ана Јакимова. Градоначалникот Иван Јорданов вели дека причината за смената е незадоволството од досегашното работење на раководството на „Астибо“, но и сомнежи за финансиски неправилности. До Државниот завод за ревизија веќе е поднесено барање за анализа на финансиското работење, а новото раководство ќе врши целосна ревизија. Јорданов очекува надлежните институции во наредниот период да утврдат дали постои одговорност.

,,Сакам да ја информирам јавноста за промените кои што се случени во раководствата на детските градинки Вера Циривири Трена и ДГ Астиво. За нов директор на ДГ Астибо е поставена досегашната директорка на Вера Циривири Трена Ивана Ангеличкова. Ние практично направивме рокада на позициите. А за нов директор на ДГ Вера Циривири Трена е поставена како в.д директор Ана Јакимова. Причина заради оваа промена во раководствата во детските градинки е незадоволството мое лично од досегашното работење на досегашниот директор на астибовата градинка и сомнежот во неговото финансиско работење. Чекорите кои што ке бидат превземени во периодот кој што ке следи е новото раководство да направи комплетна ревизија на досегашното работење со пријава до надлежните институции до државен завод за ревизија да се направи една анализа на финансиското работење на досегашниот директор на ДГ Астибо. Она кое што е моја надлежност е да направам чекор кој веќе го направив со смена на дриекторската позиција, а надлежноста на релевантините институции очекувам да во јавноста биде проследена во наредните недели и денови, затоа што тие треба да утврдат одговотност доколку ја има.“, кажа Јорданов

Јорданов порача дека нема да толерира неодговорно однесување од ниту еден функционер на локално ниво. Тој апелираше сите носители на функции одговорно да ги извршуваат своите обврски и да работат во интерес на граѓаните.

,,Она кое што сакам да го превземам и да апелирам до сите останатити чинители во функционирањето на локалната самоуправа е дека нема да дозволам неодговорно однесување на ниту еден функционер на локално ниво, затоа што сите ние имаме одговорност да бидеме сервис спрема граѓаните и одговорно да се однесуваме со позициите кои ги носиме“, додава Јорданов

Во периодот кои што следи, градоначалникот Јорданов очекува новите раководства на дг да продолжат во насока на рационализација и оптимизација на трошоците и ресурсите со кои што располагаат и да ја подобрат услугата кон крајните корисниците односно дечињата од предучилчиша возраст.

Иван Митев, М-Нет