Средношколци од ДСУ „Коле Нехтенин“ Штип, денес маршираа против насилството, дрогата и зависностите кај младите

Стотици средношколци од ДСУ РЦСОО „Коле Нехтенин“ денеска кренаа глас против насилството и зависностите кај младите, организирајќи протестен марш низ улиците на Штип. Со транспаренти и пораки тие повикаа на поголема свест за штетните последици од дрогата, алкохолот, пушењето и коцкањето. Учениците порачаа дека младите треба да изберат здрави животни вредности и безбедна иднина. Според нив, потребна е заедничка борба против пороците кои се почесто се присутни меѓу младата популација.

,,Пораката од овој марш е подобар живот, како сузбивање на пророците дрога, пушење и коцкање.“, рече Димитрова

Како што посочуваат организаторите и професорите, преку маршот младите сакаат да испратат силна порака дека насилството и зависностите не смеат да бидат дел од секојдневието на учениците. Тие потенцираат дека станува збор за општествен проблем кој директно влијае врз семејството, воспитувањето и иднината на младите генерации.

Целта е учениците да го подигнат својот глас за да се стави стоп на семејсното насилство, на пороците како алкохол, дрога, коцка игри на среќа. Зошто- бидејќи проблемот не е само на учениците, туку е глоблаен и за семејството и за иднината.“, вели Манова

Од училиштето порачаа дека ваквите активности ќе продолжат и во иднина со цел да се подигне свеста кај младите. Учениците, пак, велат дека само со заедничка поддршка, едукација и навремена реакција може да се спречат насилството и зависностите.

Иван Митев, М-Нет