
На три нивоа и 200 метри квадратни површина, официјално отворен новиот простор на центар за убавина „Маја Балова Интернационал“ на улицата Ванчо Прќе во Штип. Со модерен и современо уреден простор, како и професионален тим, центарот нуди голем број услуги од областа на козметиката и убавината, следејќи ги најновите светски трендови. Во рамки на центарот функционира и академија поддржана од МОН, каде средношколците од насоката козметика при штипското средно медицинско училиште ќе посетуваат практична настава и ќе се усовршуваат заедно со професионалниот тим, стекнувајќи практично искуство уште за време на образованието
,,Ние постоиме веќе 20 години. Најпрво бевме на друга локација, сега се преселуваме во доста поголем центар за убавина, кој што се протега на три нивоа, 200 квадари и го направивме со цел нашите клиенти уживаат во убавините кои што ние ги создаваме. Сега можат да не најдат на крајот од едносмерната улица, Ванчо Прќе 65. Освен што е класираме како еден од најголемите центри за убавина, ние се издовјуваме, затоа што имаме наша академија Маја балова интеранционал, која што е поддржана од МОН, а исто така соработуваме и со училиштата, како што е средното медицинско училиште, каде што јас предавам во делот на козметиката на новиот смер козметика и учениците ќе можат овде да ја поминат феријална пракса , да се усовршуваат и сепак од нив да излезат едни веќе професионални кадри додека да завршат четврта година.“, вели Балова
Покрај современиот амбиент и едукативниот дел, во новиот центар клиентите ќе можат да избираат широк спектар на козметички услуги. Од нега на лице и тело, до естетски третмани и трајна шминка, тимот на „Маја Балова Интернационал“ нуди комплетна грижа за убавина и нега.
,,Кај нас имаме повеќе услуги од спектарот на козметиката. Имаме маникир, педикир, третмани на лице и тело, целулит, масажи солариум, епилација, депелација, трајни шминки на веги, очи, усна, голем асортиман.“, потенцираше Балова
Зад успешната приказна на Балова, стои тим кој секојдневно работи посветено за да одговори на барањата на клиентите. Со проширувањето на новиот простор, сопствениците најавуваат и нови вработувања, со цел услугите и понатаму да се развиваат и унапредуваат.“
,,Со жени во глобала е секогаш тешко да се работи, но с многу труд, љуов и персонал се е возможно. Ние имаме во моментот седум вработени, кои што се овде да одговорат на барањата на нашите клиенти и се разбира во иднина планираме да го прошириме нашиот тим затоа што го проширивме со поголем простор и мислам дека ќе имаме можност барем да додадеме уште две-три вработени.“, додава Балова
Инаку, со новиот простор, сега се очекува подобри услови за клиентите и можност да се стекнат средноколците со добри практични вештини
Иван Митев, М-Нет