Бензинот и дизелот поскапуваат за 2,50 денари, нови цени на горивата од полноќ

Бензинот и дизелот поскапуваат за 2 ипол денари, нови цени на горивата од полноќ.

Според регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија, зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати е во просек за 1,84% во однос на одлуката од 11.5.2026 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,846 ден/кг и сега ќе изнесува 50,814 ден/кг.

„Од 19.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 50,814 (денари/килограм)“, велат од регулаторната комисија за енергетика

Како што информираат, новите цени на нафтените деривати стартуваат од 19.05.2026 од 12 часот на полноќ.

Иван Митев, М-Нет