
По повод Меѓународниот ден на музеите, на 18 мај во 13 часот во Уметничката галерија Безистен во Штип ќе биде отворена изложба со фотографии од познатиот златен наод од с. Тремник. Посетителите ќе имаат можност да видат 30 фотографии од вредната златна остава од 4–3 век п.н.е., откриена на локалитетот „Орманков гроб“. Изложбата е реализирана во соработка со Музеј на град Неготино и носи дел од античкото богатство поблиску до јавноста. По повод празникот, музеите ќе бидат бесплатни за посетители до 19 часот.
„По повод Меѓународниот ден на музеите, на 18 мај 2026 година во 13:00 часот во Уметничка галериа Безистен – Штип ке биде отворена изложба на фотографии од златниот антички наод од с. Тремник, општина Неготино, во соработка со Музе на град Неготино. Изложбата опфака 30 фотографии од златна остава од 4-3 век п.н.е., пронајдена во 2008 година на локалитетот „Орманков гроб” ка с. Тремник. Археолошките предмети денес се чуваат во Националниот археолошки музе во Скопје. Исто така по повод Денот на музеите, двата музеја ќе работат бесплатно за сите посетители до 19 часот.“- Марија Атанасова, музеј
Организаторите ги покануваат сите љубители на историјата и уметноста да бидат дел од овој културен настан.
Дајана Сандева, М-Нет