
Сите оние кои што глумат моторџии ќе бидат изгорени од казни“, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, најавувајќи засилени контроли против несовесните возачи на мотори. Тој истакна дека МВР во наредниот период ќе биде особено фокусирано на моторџиите кои возат без кацига, со голема брзина, минуваат на црвено и ги дигаат моторите на едно тркало. Според Тошковски, прекршителите ќе останат и без моторите и без можноста да „глумат моторџии“. Акцијата, како што најави, ќе биде најинтензивна во градските средини.
,,Најавувам за сите оние кои што глумат дека се мотроџии, односно управуваат мотор безк ацига, управуваат ссо поголема брзина, го дигаат на едно тркало, поминуваат на црвено, јас да им упатам една порака дека дека МВР во наредниот период и те како ќе биде фокусирано над нив, особено во градските средини. Еве слободно можам да кажам ќе ги изгориме. Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат дека се моторџии. Особено на нив ќе бидеме фокусирани во наредниот период.“, кажа Тошковски
Министерот Тошковски најави посебен план за постапување против несовесните возачи на мотори. Според него, таргет ќе бидат моторџиите кои возат спротивно на законските правила и со своето однесување претставуваат сериозен ризик за безбедноста во сообраќајот.
,,Се изготвува план за постапување каде што особено ќе бидат таргет оние кои што управуваат мотори, надвор од правилата дефинирани согласно законот, затоа што ретставуваат огромен ризик да отепаат некого.“, додава Тошковски
Од МВР најавуваат засилени контроли и ригорозни санкции за сите прекршоци што го загрозуваат сообраќајот и безбедноста на граѓаните. Акцентот, како што велат надлежните, ќе биде ставен на спречување на опасното и несовесно управување мотори во урбаните средини.
Иван Митев, М-Нет