
Матурантите од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ од Штип денес ја организираа својата дневна забава и уште еднаш покажаа дека знаат како да уживаат во последните средношколски денови. Со многу смеа, музика и емоции, тие ги одбележаа спомените создадени во изминатите четири години поминати заедно со своите соученици. Велат дека дружбите, заедничките моменти и часовите никогаш нема да ги заборават, а дел од нив признаваат дека веќе им недостигаат класот и професорите.
„Одлично, многу убаво, петка. Друштвото ми се погоди, со некои од нив учам уште од прво одделение, а со некои од сега и си ги сакам најмногу на цел Свет, 4-2. Ги преплакав овие три/четири дена и ги плакам уште. Па најверојатно стоматологија. Па дали е тешко, се учи, но мора да се учи, училиште е, тешкичко е.“
Иако прославата беше исполнета со веселба, емоциите не изостанаа, па дел од матурантите признаа дека веќе им недостигаат соучениците и класната.
„Па не сакав да имам партнер. Многу убаво, многу убаво и незаборавно, никогаш нема да ги заборавам. Не, никако не е тешко, многу беше убаво и многу ќе ми фали засекогаш. Па класната и Илина најмногу. Да засекогаш, сите ќе ги почитувам. Па јас пијам вода, не пијам ништо, возам.
Па пијат тие, сите пијат.“
Матурантите велат дека овие моменти ќе ги паметат цел живот, а разделбата со класот за многумина е и радосна и тажна во исто време.
Дајана Сандева, М-Нет