Тошковски: „Сејф сити“ дава резултати, до крајот на годината ќе се имплементира низ цела Македонија

До крајот на годината системот „Сејф сити“ ќе биде имплементиран низ цела Македонија, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Имплементацијата, како што појасни тој, нема да оди одеднаш, туку постепено, град по град, штом се создадат услови. Тошковски вели дека системот веќе дава резултати и ја подобрува безбедноста. Целта е јасна, помалку прекршоци и побезбедни улици за сите.

,,До крјаот на оваа година ќе го имплеметнираме на територија на целата Македонија. Секој еден македонски граѓанин, заслужува да живее во рамки на побезбедна средина, така да овој систем веке се докажа дека и те како влијае од аспект на безбедноста на македонските граѓаните. Како што на микросредина се исполнуваат техничките услови за да може да ги ставиме во функција, така и ќе ги ставаме во функција. Нема да чекаме секаде да го поставиме системот, па потоа да го пуштиме во секој еден град заедно. Како што се исполнуваат условите во Велес, така ќе го пуштиме во Велес. Како во Охрид, така во Охрид.“, кажа Тошковски

Министерот Тошковски истакна дека системот веќе дава позитивни резултати, наведувајќи дека бројот на жртви во сообраќајот значително е намален. Тој додаде дека ова е заслуга и на граѓаните кои сe повеќе ги почитуваат сообраќајните правила.

,,Истиот дава позитивни резултати, еве и пример. Во споредба со 2025 година, кога сме имале 47 жртви на територија на државата, сега имаме 26. Тоа е огромна заслуга на македонските граѓани, кои решили да ги почитуваат правилата при управување и тие да го намалат бројот на смртни случаи.“, рече Тошковски

Инаку, очекувањата се дека државата ќе има безебен сообраќај, намален број на сообраќајни несреќи и жртви.

Иван Митев, М-Нет